Премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека Македонија не треба да губи надеж околу членството во ЕУ, но дека во изминатиот период се направени многу остапки, па дури и по штета на идентитетот, меѓутоа Македонија не мрдна од позицијата на која се наоѓаше и пред 20 години.
„Јас каде и да одам ја пренесувам разочараноста на македонските граѓани. Направивме многу, па дури и на штета на нашиот идентитет, а за возврат не добивме ништо. Сега сме таму каде што бевме и пред 20 години, додека ние бевме пред други земји, но сега тие земји се веќе во Унијата, а ние остануваме надвор. Но, не треба да губиме надеж. Мора да признаеме дека има вина и во нашите корумпирани политичари кои потпушуваа се што ќе им беше наметнато, а со тоа ја влошуваа нашата позиција со месеци и месеци и години и години“, рече Мицкоски.