Мицкоски од Њујорк: Тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за МТВ од Њујорк, во врска со неговата покана за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во Вашингтон и посетата тој  изјави „дека тоа што го прави опозицијата за него е разбирливо и дека суштината на посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи“.

„Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи. Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место, прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното