Пред почетокот на Самитот на европската политичка заедница во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски за ТВ21 кажа дека наскоро ќе ја соопшти убавата вест за Македонија.
ТВ21: Вчера најавивте убава вест за Македонија?
Мицкоски: Почекајте за неколку часа ќе дознае македонската јавност.
ТВ21: Вчера имавте средба со Антонио Кошта, кои се очекувањата од ЕУ?
„Очекувањата се Европа да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди според постигнувањата и реформите и копенхашките креитеруми, Македонија долго време е жртва на билатерални прашања“, рече Мицкоски.