Мицкоски од Вашингтон: Разговори за инвестиции на Рамбл во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека за време на престојот во Вашингтон остварил долг и продуктивен состанок со сопственикот на компанијата Рамбл, Крис Павловски. На состанокот, кој се одржал непосредно по пристигнувањето во Вашингтон, се разговарало за можности за инвестиции на Рамбл во Македонија, особено во областа на дигитализацијата.

„Крис Павловски, чиј капитал според Форбс е проценет на 1,2 милијарди долари, има македонско потекло, а Македонија е редовна тема во нашите разговори,“ напиша премиерот.

Павловски е дел од акционерската структура на Рамбл заедно со истакнати личности како Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД, и Џ.Д. Венс, потпретседателот на САД во новата администрација на претседателот Доналд Трамп.

Мицкоски истакна дека разговорите биле фокусирани на предизвиците и перспективите за иднината, со цел напредок за граѓаните и татковината.

„Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината,“ порача тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното