Мицкоски откри: Има 17 советници на кои платата им е од 60.000 денари до 90.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање изјави дека има вкупно 17 советници, од кои четворица се на полно работно време во Владата.

Тој нагласи дека сите советници примаат плата во износ од 60,000 денари, освен оние кои работат со полно работно време, кои имаат месечен хонорар од 90,000 денари.

„Вкупно имам 17 советници, а платите на сите се 60,000 денари, освен за оние кои се со полно работно време. Тоа се тројца или четворица кои се во Владата, и нивните хонорари се 90,000 денари месечно“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата наскоро ќе ги објави имињата на сите советници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното