Мицкоски: Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциско – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност“, вели Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното