Мицкоски по средбата со македонската банкарска асоцијација: Очекувам многу брзо стопанството да ги добие парите

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска даде изјава после средбата со македонската банкарска асоцијација за заемот од 500 милиони евра од Унгарија.

„Денеска имавме средба со македонската банкарска асоцијација за заемот. Јас би ја поделил на три дела, односно во делот на рочноста, времетраењето, вториот дел е желбата да се учествува, и третиот дел поврзан со каматната стапка.

Во делот дека сакаат да учествуваат во процесот е несомнен. За делот на рочноста заземавме заеднички став, до 3 години грејс период, и до 15 години период на отплата. Во делот на каматата ќе се преговара уште следната недела, и во втората половина ќе имаме некој став, и со тоа би го заокружиле ова и тие средства да се пренесат на стопанството“, рече Мицкоски.