Мицкоски: Секој оној којшто го прекршил законот ќе одговара пред законот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека секој што го прекршил законот ќе одговара.

„Секој оној којшто го прекршил законот ќе одговара пред пред законот и тука не треба да има дилема како што впрочем видовте во првите три дена опфатени се 34 лица, а од тоа што сум информиран акцијата на Министерството за внатрешни работи продолжува и понатаму. Така што граѓаните треба да бидат спокојни, правдата доаѓа. За разлика од принципот како досега, овој пат правдата доаѓа и правдата ќе се ќе се случи без разлика дали лицето е дел од некоја политичка структура или не е дел од некоја политичка структура“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека и натаму се прават проверки на фирми во Кочани, и дека може да биде проширена листата на осомничени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното