Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најави големи промени во партијата, но и во владата.
Како што вели, кој ќе се покаже со работата, ќе остане.
„Денеска најавувам дека по редовниот конгрес на партијата на крајот на годината, најдоцна почетокот на следната, ќе има големи промени во партијата и Владата. Кој ќе се покаже со својата работа, ќе остане, а, тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните, ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам“, вели Мицкоски.