Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако СДСМ до пролет најде еден мигрант во Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на Венко Филипче за мигрантите.

Филипче претходно најави дека на пролет ќе има избори, и дека мигранти кои ќе биле сместени во социјални станови, ќе имале право да гласаат на изборите.

„Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територијата на цела држава кој што е дел од некаков си договор со Велика Британија, и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политика. Во спротивно, очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат, но ете тие дадоа некаков рок до пролет, па јас им велам до пролет ако најдат еден мигрант кој што е дел од договорсо Велика Британија, јас нема повеќе да се занимавам со политика. Во спротивно, очекувам да излезат пред македонската јавност и да се извинат. Мислам дека е фер политика“, рече Мицкоски.