Мицкоски: Трговците се однесуваат некоректно, одеднаш ги зголемија цените за 25%

Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш ја искажа својата огорченост од однесувањето на трговците, кои, според него, ги качиле цените на одредени производи до 25% пред празниците.

„Разговаравме со сите големи супермаркети со сите сопственици, беа на настан во Владата, оставивме добра волја да не биде со пристап на ограничување на цени кои велеа дека е непопуларна мерка, да слушнеме сакавме со нив, и тоа се случи. Тоа што некој лица се служат со трикови, за нив ќе има соодветни процедури. Трае анализата, и тие процедури ќе бидат аплицирани. Тоа што мислеа дека ќе не надмудрат и ќе си играат со трпение на владата, мислам дека не е добро и да си го преиспитуваат однесувањето. Ова не е корентно однесување посебно пред празници. Особено не кога одеднаш се зголемуваат цените за 25% и денеска ќе има реакција“, рече Мицкоски.