Мицкоски убеден дека ќе победат на изборите, претседател ќе биде тој што ќе ги добие гласовите на Албанците

Претседателските избори треба да се одржат на почетокот на април. Според информациите, спикерот Талат Џафери ќе ги распише на првиот ден од месец февруари.

Кандидатурите за претседателското место ќе се знаат на почетокот на март или 35 дена пред датумот на одржување на изборите.

Се вчитува...

Актуелниот претседател, Ѓорге Иванов речиси двата мандати ги помина во молк и без некоја значајна активност. Тоа што го паметиме, е дека на 12 април одлучи да помилува 56 функционери кои беа под истрага. Иванов исто така ќе остане запаметен и по одбивањето да го потпише Законот за јазиците и Преспанскиот договор, кои поминаа во Собрание. Инаку, претседателските избори се сметаат за валидни само доколку на гласање излезат 40% од гласачкото тело. Но, како ќе настапат политичките партии на трката за претседател и дали победата ќе зависи од гласот на Албанците? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е во постојана комуникација со лидерите на албанските политички партии, но вели дека кандидатот за претседател на државата треба да биде за сите граѓани.

Најголемата опозициска партиј објави конкурс за кандидат за претседател на, а според Мицкоски, до 31 јануари ќе се знае името на нивниот кандидат.

Додека опозицијата интентизвно се подготвува за претседателските избори, партиите од владејачката коалиција велат дека се уште е рано да се размислува само на оваа тема. СДСМ и ДУИ најверојатно ќе излезат со консензуален кандидат, но велат дека се уште не почнале преговорите околу тоа кој да биде нивниот кандидат.

„Ќе разговараме веднаш по завршување на уставните измени. Се уште не е дискутирано за имиња меѓу партиите“, велат од ДУИ.

На последните претседателски избори кои се одржаа во 2014, ДУИ бојкотираше бидејќи не беше прифатена нивната идеја за консензуален претседател. Но, токму со помош на гласовите на ДУИ, Ѓорге Иванов беше избран за претседател во првиот мандат.

Како најсериозен консензуален кандидат се спомнува професорот Денко Малески, кој воедно беше првиот министер за надворешни работи на независна Македонија. За него пред извесно време лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека може да биде прифатливо решение.

Пред неколку дена преку својата интернет страница, анкета спроведе ТВ21. На прашањето кој ќе биде новиот претседател, најмногу гласови освоија Зијадин Села од Алијанса за Албанците, и Стево Пендаровски кој се спомнува како можен кандидат за претседател. Како претседателски кандидати во јавноста се спомнуваат и имињата на Имер Селмани и Радмила Шеќеринска.

РЕПОРТЕР ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21