Живот

Мицкоски упати честитка по повод Божиќ – „Само заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Божиќ.

– Им го честитам на сите православни христијани Христоото раѓање – Бижик. Исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашнот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства. Останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија.

Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани коишто не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија и во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на божикната литургија во Соборниот храм во Скопје

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни