Денес, во вечерните часови, започна голема акција за чистење на сметот во главниот град, Скопје, која ја организираше новата градската власт во соработка со бројни јавни и приватни институции.
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографија од дрон на која можат да се видат голем број камиони и работници.
Тие имаат 72 часа за да го исчистат цело Скопје.
Ова ветување доаѓа од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.