Македонија

Мицкоски за 8 Септември: Сакам да ја внесеме земјата во ЕУ, но идентитетот е последната брана за која нема компромиси

Мицкоски за 8 Септември: Сакам да ја внесеме земјата во ЕУ, но идентитетот е последната брана за која нема компромиси

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста, порача дека работи на тоа оваа генерација да ја внесе државата во Европската Унија, но подвлече дека за почеток на тој пат е потребно градење доверба и почитување на македонскиот идентитет.

Тој посочи дека европскиот пат нема алтернатива, но дека за клучните прашања поврзани со идентитетот, јазикот и историјата нема да има одлуки „под маса“.

За почеток на преговорите со ЕУ, Мицкоски побара престан на негирањето на македонскиот јазик и народ, како и почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија.

Какви било отстапки за јазикот и културата, според премиерот, значат уривање на темелите на АСНОМ и Илинден, нагласувајќи дека идентитетот е последната брана.

Мицкоски го критикуваше досегашниот однос на политичките противници кои го прифатиле досегашниот рамковен предлог, нарекувајќи ги „фабрика за безнадежност“ која се противи на капиталните инвестиции, инфраструктурата, новите болници и брзата железница.

И покрај поларизацијата, премиерот порача дека останува отворен за дијалог и градење мостови за прашањата од национален интерес, ставајќи ја државата пред личната и партиската суета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни