Мицкоски за изјавата на Меџити: Некој може да седи да си прави списоци, но додека сум премиер, тоа нема да се случи!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите проговори и за најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека за една година на власт ќе се вработат до 2-3 илјади Албанци во јавната администрација.

Како што вели, додека е он премиер, нема да има таква работа.

„Нема таква работа, ниту пак ќе има додека сум јас претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат и добро е да се вработуваат луѓе кои ќе бидат компетентни и кои ќе одговорат соодветно на тие работни места. Тоа сега партиски клучеви, етнички клучеви, тоа не треба да го дискутираме, сме го кажале. Ќе направиме закон за да има правична застапеност, етничка, бидејќи овој што го направија претходните Уставен суд го поништи. Бидејќи Бандитерот е уставна категорија, ние мораме да го усогласиме законодавството согласно уставната категорија. Некој може да седи да си прави списоци, јас тоа не го исклучувам, но додека сум јас премиер, таква работа нема да се случи“, рече Мицкоски.

На партиски настан во Шуто Оризари, Меџити рече дека за една година на власт ќе вработат повеќе Албанци во државно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното