Премиерот Христијан Мицкоски во врска со висината на минималната плата во земјава, истакна дека Владата наскоро ќе формира комисија на која треба да се определи репрезентативноста на синдикалните претставници во Социо-економскиот совет.
„Најнапред треба да формираме комисија што ќе ја утврди репрезентативноста на синдикалните претставници во Социо-економскиот совет бидејќи сега репрезентативноста е истечена. Очекувам на седница на Влада таа комисија да се формира, да определи репрезентативност, а потоа ќе одржиме седница. Инаку минималната плата може да се донесе и во месец март бидејќи реално ќе почне да се исплаќа од 1 април. Но, ќе потсетам, нагласи премиерот, што се однесува до минималната плата, партнер не се само синдикатите, туку и работодавачите, и ние како Влада во тој процес сме за да фасцилитираме. Висината на минималната плата не зависи од Владата, тоа зависи од тоа дали работниците и работодавачите ќе постигнат договор и дали за тоа ќе има консензус. Ние како Влада ќе го поддржиме било кој договор, а во спротивно ако нема договор, тогаш ќе одиме според Закон“, одговори премиерот Мицкоски.