Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на својот профил на социјалната мрежа „Икс“ изрази тага и загриженост по повод трагичниот настан во Цетиње, Црна Гора.
„Со огромна тага и загриженост ја примив веста за трагичниот и шокантен настан што се случи во Цетиње, Црна Гора, пришто многу животи беа прерано згаснати, а неколкумина други беа повредени во вооружениот напад кој го потресе целиот регион,“ напиша Мицкоски.
Тој додаде дека оваа трагедија е потсетник за важноста на заедништвото и солидарноста помеѓу народите во регионот, особено во моменти кога се соочуваме со вакви трагедии што оставаат длабоки лузни во општеството.