Мицотакис ги извести европските колеги дека Мицкоски и Сиљановска го прекршуваат Договорот од Преспа

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на вчерашниот Европски совет, ги информирал колегите за кршењето на Преспанскиот договор од страна на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

На прес-конференцијата во Брисел по Самитот на Унијата, Мицотакис зборуваше и за односите Грција – Северна Македонија.

„Презедов иницијатива и ги информирав моите колеги во Европскиот совет за Северна Македонија, и фактот дека премиерот и претседателката директно го прекршуваат Договорот од Преспа. Тие го игнорираат во пракса ерга омнес, и избираат да користат друго име, а не уставното, дефинирано име“, рече Мицотакис.

„Јасно е дека ако Скопје инсистира на оваа линија, тоа ќе го направи тежок, а може и да го поништи секој процес на брза интеграција во европското семејство. Така што мислам дека на сите треба да им бидат јасни последиците“, рече Мицотакис.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното