Мицотакис: Глас за доверба за Ципрас е еднакво на „да“ за Договорот од Преспа

Кирјакос Мицотакис, во интервјуто на грчката телевизија Антена рече дека тоа значи продолжување на мандатот на владата која веќе има направено голема штета на земјата и упати повик до сите пратеници, „да ги земат предвид овие последици при нивниот избор“.

Мицотакис вели дека според кажаното е веројатно да има 151 глас но нема да ја ужива довербата во народот. Рече дека најкоректното решение, најчистото решение се избори. Избори сега.

Во однос на тоа дали Нова демократија се согласува со сложено име со вклучен термин Македонија, Мицотакис вели дека позицијата на неговата партија е непроменета, но објаснува дека името е поврзано со останатите елементи.

-Ако се договоревме дека името на Скопје ќе беше „Република на Централен Балкан“ и скопјаните ќе ги задржеа македонската националност, македонскиот јазик и македонскиот идентитет, би ни се допаѓал овој договор или не? Мене не би ми се допаднал. Според тоа, името е неразделно поврзано со останатите елементи на договорот, кои на крајот се оние кои, во најголема мера, го прикриваат иредентизмот на нашите северни соседи, објасни Мицотакис.

Извор: ТВ21