Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската партија Нова демократија во Грција во неговиот говор за македонскиот јазик и македонскиот идентите рече дека Владата ги признала за соседи и истакна дека правно се обврзани „да ги нарекуваме соседите, Македонци“.
– Јас никогаш нема да кажам добредојде за Македонецот премиер на земјата. Очекувам Вие да го кажете тоа, господине Ципрас. И очекувам господинот Апостолакис, да ѝ посака добредојде во Грција на македонската војска кога ќе имаат заеднички вежби со грчката војска. Ова го имате потпишано, рече Мицотакис и уште еднаш го повтори неговиот став дека Нова демократија нема да го напушти правото за вето за интеграција во Европската унија.