Македонија

Младиот генијалец Македон Димитровски примен во престижната програма за таленти на Универзитетот „Џонс Хопкинс“

Младиот генијалец Македон Димитровски примен во престижната програма за таленти на Универзитетот „Џонс Хопкинс“
Фотографија направена со помош на ВИ

Дванаесетгодишниот Македон Димитровски оствари уште еден успешен меѓународен успех. Тој е официјално примен во престижната Програма за талентирани млади (CTY) при светски познатиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, САД.

По спроведените тестирања, Македон се стекна со највиското признание „Гранд Хонорс“ (Grand Honors) за исклучителни резултати по математика и вербални способности, како и со признанието SET (Study of Exceptional Talent). Оваа статус им се доделува на ученици кои постигнуваат резултати кои значително ги надминуваат очекувањата за нивната возраст.

Меѓу забележителните достигнувања на младиот талент е и неговиот резултат на стандардизираниот американски академиски тест САТ (SAT), каде што на 11-годишна возраст освои вкупно 1440 поени — 740 по математика и 700 по читање и пишување.

Со веќе освоени повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон важи за еден од најперспективните млади математичари. Неговите родители, Владимир и Тина Димитровски, ја споделија веста изразувајќи голема гордост за неговата посветеност и љубов кон знаењето, порачувајќи му дека ова е само почеток на неговиот академски пат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни