Многу се сочни и вкусни: Рецепт за чоколадни коцки со кола

Безалкохолните газирани пијалоци се темел на американската култура, а своето место го најдоа и во нивната гастрономија. Ваквите пијалоци се додаваат во маринадите и глазурите за јадења со месо, но и за десерти.

Овој рецепт за чоколадни коцки вклучува кола која се додава во бисквитот, но и прелив. Кола е газиран сладок пијалок со вкус на карамела кој го надополнува и продлабочува вкусот на чоколадото во колачот и му дава дополнителна сочност.

Чоколадни коцки со кола – состојки:

За тортата:

350 мл кола кола
350 гр шеќер
280 гр брашно
225 гр путер
180 гр кисела павлака
50 гр незасладено какао
2 јајца
1,5 лажички сода бикарбона
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол

За глазурата:

400 гр шеќер во прав
350 мл кола
115 гр путер
25 гр незасладено какао во прав
прстофат сол

Чоколадни коцки со кола – подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Намачкајте правоаголен калап и/или обложете го со хартија за печење и оставете го на страна. Направете го бисквитот: загрејте ја колата, путерот и незасладеното какао во прав во тенџере, често мешајте додека состојките не се соединат и путерот не се стопи.

Во поголем сад измешајте брашно, шеќер, сода бикарбона и сол. Прелијте со топлата смеса на база на кола и убаво измешајте. Додадете павлака, јајца и екстракт од ванила. Продолжете со мешање додека не добиете еднолична смеса без грутки.

Добиената смеса истурете ја во подготвениот калап и ставете ја во загреана рерна 25 до 30 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е сварен пред да го извадите од рерна. Оставете го бисквитот да се излади. Направете ја глазурата: загрејте 350 мл кола кола во тенџере и варете ја околу 15 минути на средна температура додека течноста не се намали и згусне. Потоа додадете ги путерот и какаото – енергично измешајте ги состојките околу 30 секунди. Додадете шеќер во прав и малку сол и сè убаво измешајте додека не добиете еднолична мазна смеса. Добиената глазура намачкајте ја тортата, исечете ја и послужете.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното