Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои покажале храброст во справувањето со последиците од нападите во САД.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку објава на социјалните мрежи порача дека земјава останува цврсто со Соединетите Американски Држави во спротивставувањето на тероризмот и во заштитата на мирот, слободата и демократијата.

„Дваесет и пет години по 11 Септември, се сеќаваме на невините животи што беа изгубени и им оддаваме почит на исклучителната храброст на оние кои беа на првата линија“, се наведува во објавата на МНР.

Од Министерството додаваат дека никогаш нема да бидат заборавени жртвите од нападите.

„Цврсто стоиме со Соединетите Американски Држави во спротивставувањето на тероризмот и во одбраната на мирот, слободата и демократијата. Никогаш нема да заборавиме“, порача МНР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни