МНР: Македонските граѓани да ја напуштат Либан поради влошената безбедносна ситуација

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан.

Како и секогаш, Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното