Реномираниот моден дизајнер Изет Цури, кој со децении работи на француската модна сцена, се прости од својата студентка, 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Фросина беше студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, каде со својата креативност и посветеност остави силен впечаток. Пред само седум месеци, нејзините модели ја воодушевија јавноста на годишната ревија на институтот, покажувајќи го нејзиниот огромен потенцијал во светот на модата.
Изет Цури сподели заедничка фотографија со Фросина на социјалните мрежи, изразувајќи тага за нејзиното прерано згаснато светло.