Рајко Шерифовиќ почина по кратка и тешка болест, а неговата ќерка Марија Шерифовиќ се огласи преку Инстаграм и се прости од саканиот татко.
Марија Шерифовиќ му кажа последно збогум на својот татко Рајко
„Мојот татко. Мојата омилена барaба. Знам дека Господ ги сака таквите и дека те чека некој рајски двор. Чувај нè таму каде што си сега. Твојот шампион,“ – напиша пејачката во моменти кога ѝ беше скршено срцето.
Да потсетиме, Рајко пред 23 години се разведе од мајката на Марија, Верица Шерифовиќ, а од претходна врска има и син – пејачот Даниел Павловиќ.