Карванот МојДДВ денеска постави промотивен штанд во Дојран на кој сподели информации со граѓаните и туристите за позитивното искуство од мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ и апликацијата МојДДВ. Штандот во Дојран го посети градоначалникот Анго Ангов кој со граѓаните разговараше за МојДДВ и ги информираше за користа од оваа мерка.
Се вчитува...
-Задоволство ми е што имам можност да ја поддржам оваа значајна мерка со која првпат државата враќа пари назад кај граѓаните, рече Ангов.
Тој додаде дека од мерката поврат на 15 отсто од ДДВ корист имаат и државата и граѓаните.


