Молотов коктел фрлен пред објект во Гази Баба

На 28.04.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба пред објект бил фрлен молотов коктел.

Нема повредени лица и оштетени предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.