Момчето кое уби 10 лица во Белград од денеска има статус на жртва во судскиот процес против неговите родители

Тинејџерот, кој минатата година изврши масовно убиство во училиште во Белград, од денеска има статус на жртва во судскиот процес против неговите родители, информира ТАНЈУГ.

Ова им го соопшти на новинарите по затвореното судење адвокатката на родителите на момчето Ирина Борович.

„Од денеска и официјално К.К има статус на жртва (…). Од денеска Вишото обвинителство во Белград ги штити неговите права и интереси“, рече Боровиќ.

Ваков статус момчето добило затоа што обвинението против неговите родители било проширено со обвинение за запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Тинејџерот на 3 мај минатата година уби девет ученици и еден чувар со два пиштола сопственост на неговиот татко во масовно пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Цело време по масовното убиство, малолетникот К. К. е во психијатриска клиника. Тој не одговара пред законот, бидејќи во моментот на нападот имал помалку од 14 години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното