Монголскиот претседател им оддаде почит на коњите за време на говорот во ОН

Говорите на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се однесуваат на безброј аспекти од човековото постоење. Но, вчера, еден светски лидер се истакна со оддавање почит на коњот, објавува Асошиејтед Прес.

„Коњите се составен дел од човечкиот живот, културата и цивилизацијата од памтивек“, рече монголскиот претседател Курелсух Укна, чија централноазиска нација претходно оваа година ја предводеше иницијативата за прогласување на 11 јули за Светски ден на коњите.

Нагласувајќи ја долгата историја на коњаницата во Монголија, Укна им се заблагодари на членовите на Генералното собрание за поддршката на иницијативата во својот говор.

Монголија има повеќе коњи отколку луѓе

Одбележувањето на Светскиот ден на коњите има за цел да ја подигне свеста за улогата што коњите ја играле и сè уште ја играат во светот, од земјоделска работа и транспорт до коњички спортови и туризам. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во светот има повеќе од 60 милиони коњи.

Монголија има повеќе коњи отколку луѓе, 3,4 милиони коњи во споредба со 3,3 милиони луѓе.

„Од моментот кога се раѓаме, ние Монголците растеме на коњи“, забележа Ухнаа.

Покрај коњите, тој зборуваше за придонесот на Монголија во мировните мисии на ОН и други активности. Тој, меѓу другото, се осврна и на прашањата за водата и улогата на жените во политиката и мировните операции.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.