Македонија

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал
Фото: Илустрација / ВИ

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави Призма.

Друштвото е основано на 27 јуни 2025 година, а регистрацијата е одобрена на 4 август. Седиштето се наоѓа на улицата „Гане Тодоровски“ во центарот на Скопје.

Како сопственици се јавуваат две различни субјекти:

„ПЕЛА ГЛОБАЛ ЛИМИТЕД“ од Перт, Австралија,

Македонската православна црква – Охридска архиепископија – Скопје.

Основната главнина на компанијата изнесува 5.000 евра, од кои сè уште не е уплатен ниту еден дел. Компанијата е заведена како „микро“ субјект, со мешовит капитал, и неограничено времетраење.

За управител е назначен Николчe Јовановски, кој живее во Викторија, Австралија. Тој има неограничено овластување за внатрешно и надворешно застапување на друштвото.

Ова не е прв влез на МПЦ-ОА во енергетскиот сектор, потсетува Призма.

Во 2020 година МПЦ-ОА заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа хидроцентралата „Драгов дол“ од Кичево.

Две години подоцна, во 2022, МПЦ-ОА влезе како содружник во фирмата „Тринити солар“, која исто така е регистрирана за производство на струја.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни