Жител од струмичкото село Дабиле е уапсен по инцидент во кој со возило удрил во лице, од кого претходно украл куче. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот, кога С.В. (57) од Дабиле го удрил И.М. (64) од дојранското село Николиќ.
Полицијата од Одделот за внатрешни работи Валандово при СВР Струмица го лишила од слобода осомничениот, додека кучето било вратено на оштетениот И.М.
Во полицискиот билтен се наведува дека јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија бил запознаен со настанот и дека по документирањето на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.