Шест студенти повредени во напад за време на блокадата на Правниот факултет во Белград

Шест студенти кои учествуваа во блокадата на Правниот факултет во Белград, беа повредени во три одделни инциденти предизвикани од непознати напаѓачи, објави Инстаграм профилот „Студенти во блокада“, а пренесува Ал Џазира Балканс.

Според соопштението, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон студентите, а една студентка беше турната по скалите и паднала на глава. Таа, заедно со уште пет студенти, беше пренесена со возило на Итна медицинска помош во Ургентниот центар за медицинска помош. Студентите, кои претрпеле полесни повреди, се опишани како незначително повредени, соопштија лекари од медицинскиот центар.

Дежурниот лекар изјави дека студентите немале видливи сериозни повреди и дека биле седум повредени во вкупно три инциденти. Студентите изразија револт и побараа одговорност за нападите, инсистирајќи на тоа дека напаѓачите треба да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.

На социјалните мрежи се појави снимка од полициски апсења на едно лице, осомничено за учество во нападите врз студентите. Во исто време, илјадници студенти продолжуваат со блокадите на факултетите во Србија, протестирајќи по трагичната несреќа во Нови Сад, при која загинаа 15 лица и две беа тешко повредени, со барање за утврдување на кривичната и политичка одговорност за настанот.