Мухамеди: Ако за трагедијата во Кочани се гони министер за економија, зошто не и сите министри за внатрешни работи?

Адвокатот Умјер Мухамеди на својот Фејсбук-профил отвори сериозна дилема околу правната рамка и селективноста на истрагите поврзани со трагедијата во Кочани. Според него, ако поради неизвршување на службена должност за трагедијата одговараат министри за економија, логично е истрагата да ги опфати и поранешните, но и актуелниот министер за внатрешни работи.

„Не дека ги жалам овие уапсените, туку чисто мое мислење. Ако сите министри за економија од 2012-та наваму имат одговорност за случајот во Кочани поради неизвршување на својата службена должност при што нанеле штета на други, тогаш логично е истрагата да ги опфати и бившите и сегашниот министри/министер за внатрешни работи“, напиша адвокатот.

Тој ги наведе и имињата на сите министри што ја воделе институцијата во изминатата деценија:

  • Гордана Јанкуловска
  • Митко Чавков
  • Оливер Андонов (еден ден министер, како што наведува Мухамеди)
  • Агим Нухиу
  • Наќе Чулев
  • Оливер Спасовски
  • Панче Тошковски

Мухамеди со ова прашање става акцент на тоа дали истрагата се води селективно, и дали одговорноста за системските пропусти треба да се бара пошироко – и институционално и временски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното