Министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека во Брисел има голема посветеност и внимание за поддршка во однос на изнаоѓање решение за евроинтеграцискиот процес на државава.
Како што вели, за неисполнетата заложба на коалицијата Влен за шест месеци да се случат уставните измени, тој процес, сепак, ќе биде побавен од шест месеци.
Тој нагласува дека Македонија нема таков луксуз да остане во чекалната на ЕУ.
„Не дека нема обиди за воспоставување контакти, но имајќи ги предвид нашите позиции и немањето никаква доверба, не е ни така лесно директно воспоставување на контактите. Не дека нема обиди, не дека нема комуникација, дури и со посредство на Европската комисија, но тој процес, сепак, ќе биде малку побавен од тоа кога сме барале време од шест месеци“,изјави Муртезани во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.