Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес конференција истакна дека на прагот се на голема победа.
„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција. Ќе победиме во најголем дел од општините на државата“, порача Муцунски.
Како што истакна, ова се можеби најпримерни и најмирни избори во поновата историја.
„Им благодариме на сите граѓани на нивниот одзив, решителност и континуирана желба да ја наградат работата. Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните“, додаде Муцунски.