Муцунски: Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош, државата е подготвена за евакуација

Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега ниту еден наш државјанин во Иран не побарал помош.

Министерот Тимчо Муцунски уверува дека, и покрај тоа што Македонија нема своја амбасада во Техеран, сите ресурси се подготвени за евентуална евакуација доколку се појави потреба.

Поради сериозното влошување на безбедносната состојба, МНР веќе упати апел до граѓаните веднаш да ја напуштат земјата и да ги одложат сите планирани патувања кон Иран. Асистенцијата за македонските државјани се координира преку нашата амбасада во Анкара и централните служби во Скопје.

За помош се отворени следните контакти:

  • СОС телефон (МНР): +389 75 268 736
  • Амбасада во Анкара: +90 539 456 97 10
  • Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk