Македонија

Музичари од Струмица украле теписи од хотел во Охрид

Музичари од Струмица украле теписи од хотел во Охрид

Музиканти од Струмица кои имале ангажман во хотел во Охрид, кога ја собирале музичката опрема ги украле и теписите, јавува Охрид 1

„Заедно со опремата ги ставиле во комбето.  Оваа кражба била евидентирана на видео надзорот.  Менаџерите на хотелот им кажале дека имаат видео доказ дека ги украле теписите  и доколку не сакаат да ги пријават во полиција истите веднаш да ги вратат.

Така оваа шампионска кражба остана не пријавена во СВР Охрид, а теписите се повторно на своето место.“ – пишува порталот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни