4NEWS.mk

МВР информира: Лажна дојава за бомба во „Сити мол“, од истиот број испратени 40 покани до граѓани да се јават во полициска станица

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар Сити мол и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба. Министерството за внатрешни работи, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број , преку кој е лажно пријавена бомба во Сити Мол, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица наразговор. Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни