Министерството за внатрешни работи ја избриша објавата поврзана со случајот со странскиот државјанин пронајден на Матка, откако фотографијата предизвика реакции во јавноста поради сомнежи дека е генерирана со вештачка интелигенција.
Фотографијата не беше означена како AI-генерирана, а вниманието го привлекоа неколку визуелни недоследности, меѓу кои изгледот на полициските униформи и необичната позиција на рака врз ранецот на спасеното лице.
Ова не е првпат објава на МВР да отвори вакви сомнежи. И претходно беше објавена фотографија од акција на Шар Планина, на која дневната светлина не се совпаѓаше со времето наведено во официјалното соопштение, што дополнително ја поттикна јавната дебата за автентичноста на објавените фотографии.