МВР ја објави Вања за исчезната со слика и опис: носи протези, има бемка на десната страна од лицето, школски ранец и Ајфон

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.

Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Доколку имате било какви информации веднаш јавете се на 112 или 192.

Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица
  • Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.
  • Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато
  • Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови
  • Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.
  • Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни
  •  Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.