МВР ќе преземе мерки за Стојанов по објавата каде нуди пари за името на полициски службеник од Деве Баир

Министерството за внатрешни работи (МВР) најави дека ќе преземе мерки по заканите кои претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов ги упати кон полициски службеник.

„Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите неопходни мерки во врска со заканите и омаложувањето упатени кон полицискиот службеник од страна на бугарскиот државјанин В.С. во врска со вчерашниот настан на Деве Баир. Имено, лицето В.С. веќе има забрана за влез во Република Северна Македонија имајќи го во предвид неговото претходно делување и упатени закани и навреди кон македонскиот народ и правниот поредок“, информира МВР, пренесува „360степени“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното