По реакциите што ги предизвика денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП), од Министерството за внатрешни работи информираа дека остваруваат континуиран дијалог со сите полициски синдикати со цел подобрување на статусот и работните услови на полициските службеници.
„Идеи и предлози веќе се имплементирани во Колективниот договор со Синдикатот и веќе се чувствуваат придобивките“, велат од Министерството, додавајќи дека разговорите со синдикатите ќе продолжат.
НСП протестираше барајќи почитување на Законот за минимална плата и еднаква судска пракса при одлучување во предмети против МВР кои се однесуваат на разлики до минимална плата.