Министерството за внатрешни работи активно работи на пронаоѓање на лицето кое вчера го оштети стаклото од влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Како што соопшти МВР, веднаш по пријавата, на 11 јануари 2026 година, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти беа преземени соодветни полициски мерки. Во моментов, полициските служби интензивно работат на расчистување на случајот и идентификување на сторителот.
Министерството информира дека сите активности се во насока на целосно расветлување на настанот и обезбедување на безбедноста на дипломатските претставништва.

