Македонија

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар – 46-годишен маж загина

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар – 46-годишен маж загина

На 22.07.2022 во 21.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред с.Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот.

Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни