4NEWS.mk

МВР соопшти детали за несреќата на Селечка Планина

 На 16.07.2019 во 07.44 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на местото викано „Чуле” на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди.
 
МВР денеска соопшти дека полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни