МВР врши претреси на повеќе локации во Струмица

Во голема полициска акција попладнево, се вршат претреси на неколку локации во Струмица. Се претресуваат неколку струмички фирми.

Исто така се вршат претреси и на неколку локации во Скопје и во Гостивар.

Одземена била огромна документација и предмети кои може да послужат како докази.

Неколку адвокати, управители и нотари биле повикани на полициски разговори. Наводно фирмите од Струмица и Гостивар биле поврзани меѓу себе.

Неофицијално, во случајот биле вмешани луѓе од претходната власт. Под полициска опсада бил и познат ресторан во Струмица.