Македонија

МВР: За еден час пронајдено одземено возило, сторителот e приведен

Гостиварската полиција денеска околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, поради сомнение дека денеска од паркинг на Градежен институт-Скопје одзел патничко возило „тојота хајлукс“, сопственост на Институтот, кое било оставено со клучеви на бравата.

– Денеска околу 12.00 часот во ЕВР Карпош, вработен во Градежниот институт пријавил дека било одземено возилото од паркингот, по што биле преземени мерки и во координација со Полициската станица Гостивар, возилото било сопрено, а сторителот бил приведен, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни