Кривичниот суд во Париз денеска соопшти дека на 13 мај ќе го осуди актерот Жерар Депардје за сексуално злоставување на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година.
Обвинителството побара условна затворска казна од 18 месеци за актерот, со повеќе судски обврски.
„Три години ме влечете низ калта со лаги и клевети кои ми ја јадат крвта и желбата да комуницирам со луѓе од сите возрасти“, рече Депардје пред да ја напушти судницата.
Депардје се прослави со улогите во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Човекот со железна маска“, „Последното метро“, „Ќерката на мускетарот“, „Животот на Пи“ и „Астерикс и обелиск“.